Кличко: Вечерва е нападнат Киев

Неколку експлозии одекнаа вечерва во Подол, историскиот кварт на Киев, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

Како што наведе тој, во гранатирањето биле погодени станбени куќи и трговски кварт во округот.

– Според информациите што ги имаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри, објави Кличко на Телеграм.

Тој додаде дека на местото на нападот пристигнале спасувачки екипи, медицински работници и полиција.

Западните медиуми напоменуваат дека не можат независно да ја потврдат оваа информација.

Total
0
Shares
Поврзани објави