Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување санкции: Не сум задоволен од неговата работа

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека почнал процес за селекција на нов директор на Управата за извршување санкции бидејќи, како што рече, не е задоволен од работата на актуелниот, Марјан Спасовски.

Процесот за избор на нов директор на Управата, која е под надлежност на Министерството за правда, доаѓа три дена по спектакуларното бегство на 36-годишниот Беким Мемети, за кое со кривични пријави во притвор завршија тројца затворски полицајци и командир на смена во затворот „Идризово“.

Изјавата на Ковачевски, со која информира за промената на раководната позиција во Управата за извршување санкции беше дадена токму во овој контекст – одговарајќи на новинарско прашање во врска со бегството на затвореникот и дали некој од раководството на засегнатите институции ќе понесе одговорност.

„Искрено, јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе отпочнав процес на селекција на нов директор на Управата“.

Разрешувањето нема да биде на утрешната владина седница, рече Ковачевски, на дополнително новинарско прашање.

Прашан дали ќе има одговорност и за директорот на затворот „Идризово“, премиерот изјави дека таму веќе има нов директор од пред неколку месеци.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

„Слободен печат“ открива: Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози

Слободен печат открива: Клиниката за Онкологија го саботирала тукушто набавениот систем за следење и безбедно чување на дозите.…