Ковачевски синоќа завршил во болница најверојатно поради труење со храна, пуштен е дома во добра состојба

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа ноќта ја поминал во болница, најверојатно, поради труење со храна, а денеска е пуштен во добра состојба.

„Премиерот беше примен со болки во стомакот, најверојатно, од труење со храна. Му беше пружена целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е пуштен во сосема добра здравствена состојба“, велат од Владата.

Ковачевски ноќта ја поминал на Инфективната клиника во Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави