Ковачевски смета дека ДУИ треба да остане во Влада, Мицкоски бара да излезе за тие да влезат

Премиерот Димитар Ковачевски кажа какви понуди му дал на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Првата била избори по промена на Уставот, втората влез во Владата откако ќе се отвори Уставот. Ковачевски рече дека му понудил на Мицкоски да се направат уставните измени, а да важат откако ќе заврши втората меѓувладина конференција. Договор помеѓу премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – нема.

„Понудив, за да обезбедиме, иако е обезбедено со преговарачката рамка, со сигурност, уставните измени кои ќе се донесат во своите завршни одредби, да имаат одредба дека ќе важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е закажана без никакво одлагање, по уставните измени“, рече Ковачевски.

Мицкоски му рекол дека сака ДУИ да излезе од Влада, посочи и Ковачевски.

„Тој сметаше дека некои партии не треба да бидат дел од Владата, други треба да бидат дел. Сметам дека нас како Влада ни треба широко обединување на сите. Целите ви ги кажав – уставни измени, завршување на уставните измени, скрининг процесот, отворање на поглавја, затворање на едно или две поглавја, па избори согласно закон. Затоа сметам дека тоа ќе биде Влада на обединување, европска интеграција, а не Влада на дестабилизација“, додаде Ковачевски.

Раскажа и за целата понуда која му ја дал на лидерот на опозициската партија.

„На средбата предложив да го направиме следниот чекор, заедно, и да ги излагасаме заедно уставните измени. Тоа е вистинското решение кое граѓаните го очекуваат од нас. Дадов предлог до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, доколку се сложат, заеднички да пристапиме кон остварување на оваа цел и заедно да ги гласаме уставните измени. Ако заедно ги изгласаме уставните измени – отворањето, подготвување на амандмани, затворањето, тогаш предложив, веднаш по последното гласање, може да одиме на избори. Тоа е став од претходните месеци кој го имам кажано. Меѓутоа во текот на изминатиот период слушајќи ги изјавите од политичките субјекти, сфатив дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е важно да бидат дел од власта. За да покажеме дека ние како Влада не сме ориентирани кон добивање политички поени само за себе и дека не сме водени од партиски интерес, дека не сме фокусирани само на резултатот на следните избори, предложив да го изгласаме отворањето на Уставот со 2/3 и веднаш, утре дента, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Влада при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници од ВМРО-ДПМНЕ. Така ќе обезбедиме Влада која ќе обедиунува“, посочи тој.

Ковачевски додаде и дека треба обединување, а ВМРО-ДПМНЕ се соочила со реалноста.

„Сметам дека ако добро ја анализираат преговарачката рамка, дека исто така ќе се голасат и со неа. Во неа се наведени сите гаранции и обврски на ЕУ и обврската која ја имаме ние – каде се е направено на македонски јазик. Овој дијалог треба да продолжи. Можеби не секогаш да биде со најавување на големи настани и со големи прес-конференции, ние имаме и парламент каде треба да се одвива дискусијата“, додаде Ковачевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Во јуни поскапува струјата?

Се крои нова цена на електричната енергија.  Колку ќе биде зголемувањето енергетските  компании се уште калкулираат. Првиот човек…