Комисијата за заразни болести предлага бремените жени да се вратат на работа

На денешниот состанок е одлучено до Владата да се препорача укинување на мерките за излез од државата односно неопходниот негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација или прележан вирус. Според неделниот извештај на ИЈЗ минатата недела бројката на нови случаи е намалена за 30 отсто


СКОПЈЕ – Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучи да и препорача на Владата укинување на задолжителниот ПЦР тест какои сертификат за вакцинација или прележан Ковид – 19 при излез од државата како и укинување на ослободувањето на бремените жени од работа.

Препораките ќе треба да минат кај Главниот кризен штаб а потоа ќе одлучува и Владата.

Сепак и доколку се прифати олеснувањето на мерките за излез од државата, пожелно е граѓаните да ги поседуваат сертификатите за прележаност, вакцинаија или негативен ПЦР тест бидејќи рестрикции при влез сеуште има во голем број на држави во регионот и Европската унија.

Според членовите на Комисијата во моментов е безбедно за бремените жени да се вратат на работа, но со препорака тие да се вакцинираат ротив Ковид- 19 бидејќи вакцината е безбедна.

„Препораките во светот се дека може да се вакцинираат и дека е безбедна вакцинацијата за бремените жени и дека е препорачлива и не само што е безбедна за да можат да бидат побезбедно нивното здравје не само да е поврзано со работниот процес, туку и генерално со движењето низ популацијата. Препораките што ги кажавме се однесуваат на унапредување на здравјето на бремените жени. Доколку сакаат навистина да го заштитат своето здравје и здравјето на своите деца тогаш најлогичното објаснување е дека треба да бидат вакцинирани“, изјави доктор Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина работник во фабрика

Четириесет и петгодишен кумановец Б.В. починал утрово во Фабриката за заварени цевки и профили во Куманово, откако бил…