Косово ја одложи одлуката за регистарските таблички, тензиите остануваат

Денеска требаше да започне издавањето на таканаречените документи за влез и излез за сите граѓани на Србија кои влегуваат во Косово. Но, Приштина го одложи тоа за еден месец што беше поздравено од САД и ЕУ.

Косовските власти најавија дека ќе го одложат спроведувањето на одлуките за 30 дена откако ќе се отстранат барикадите поставени од локалните Срби во северно Косово. Дотогаш, документите за влез во Косово на граѓаните на Србија им се издаваат на сите премини со Србија, освен на Јариње и Брњак, кои се затворени поради барикади. На 1 август неколку минути по полноќ на граничниот премин Мердаре му е издаден првиот документ за излез од државата на српски државјанин.

„Во моментот на отстранување на сите барикади и пречки, оваа одлука ќе биде суспендирана до 1 септември 2022 година“, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла.

Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер во неделата вечерта се сретна со претседателката на Косово Вјоса Османи и премиерот Албин Курти и побара одложување на спроведувањето на овие одлуки.

„Владата на Косово се обврзува да го одложи спроведувањето на две одлуки од 29 јуни 2022 година до 1 септември 2022 година, од моментот кога во понеделник, 1 август 2022 година, ќе бидат отстранети сите барикади и ќе се воспостави целосна слобода на движење на сите патишта на северот на Косово“, соопшти Владата на Косово пред полноќ.

Оваа одлука на Косово ја поздрави и високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел на Твитер. „Очекувам сите блокади да бидат отстранети веднаш. Отворените прашања треба да се решат со дијалог со посредство на ЕУ и да се фокусираат на сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, што е од суштинско значење за нивната интеграција во ЕУ“, напиша Борел.

Одлуката ја поздрави и специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. „Ја поздравуваме одлуката на Косово да го прифати предлогот на Жозеп Борел за едномесечно одложување. ЕУ очекува веднаш да се отстранат сите блокади на патиштата. Борел ги повика Косово и Србија да се вклучат во понатамошен дијалог. Благодарам на американската амбасада во Приштина за силната поддршка “, напиша Лајчак.

Во соопштението, Владата на Косово остро ја осуди „блокадата на патиштата на северот на Косово и пукањето на вооружени луѓе таму врз нелегални предмети“. „Тоа е тенденција за дестабилизација на Косово и загрозување на мирот и безбедноста на нашите граѓани и на земјата. Попладневните и вечерните часови се случија бројни акти на агресија кои беа поттикнати и подготвени од официјален Белград“, соопштија од Владата.

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија Петар Петковиќ се најодговорни за ситуацијата на северот на Косово. Петковиќ, пак, рече дека единствениот виновен за актуелната состојба е Курти, кој со неодговорни потези „предизвикува нова криза“ на Косово.

Соопштено е дека премиерот Курти и неговите заменици, како и претседателот Османи, претходно разговарале со меѓународните американски и европски фактори и му се заблагодариле на американскиот амбасадор „за неговата посветеност и придонес“.

Total
0
Shares
Поврзани објави