Коста Петров: Во СДСМ никогаш не ме прифатија како нивен потпретседател

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, во утринската емисија на Телма рече дека во политиката влегол романтично со желба да прави промени, но во СДСМ никогаш не го прифатиле како нивен претседател.

-Кога сме во поинтимен форум нема да бидам некој кој лажно ќе ракоплекса. Влегов романтично во политиката, да менувам, верував во промени, но како ја спознавав партијата се соочив со првата кочница и никогаш не ме прифатија како нивен потпретседател две ипол години. Тоа во фаца ми го кажуваа – ми велеа такви како тебе си оделе, ќе си одиш и ти. Си реков што правам на 38 години. Првите месеци бев нов, и кога го доживеав првиот сериозен удар, ја дадов првата оставка по неколку месеци кога се правеа изборните листи за парламентарните избори 2020. Јас сакав да ставам мега успешни личности кои би влегле во политиката, но партијата секогаш победува, рече Петров.

Додаде дека во последната фаза пред да си даде оставка на партиската функција и како директор на Фондот за иновации и технолошки развој „превртувал очи“.

Total
0
Shares
Поврзани објави