Која е двојката која синоќа беше прегазена на пешачки премин

Младата девојка Викторија Н., која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка кај Сити Мол, живеела во Радовиш со нејзините родители, а по потекло таа и нејзиното семејство се од селото Дедино од општината Конче.

Таа според сознанијата, имала уште две сестри.

Фактор од извори во двете оппштини дознава дека несреќната млада девојка била веќе дипломирана, и живеела во Радовиш, а во Скопје, според првичните информации, таа и нејзиното момче дошле на прошетка и веројатно на пазарување, иако овие информации се уште не се потврдени. 

Според информациите, нејзиното момче кое е повредено и е хоспитализирано во ГОБ 8 Септември, имало тешки телесни повреди и имало скршеници, но нашите извори немаат повеќе информации конкретно за неговата здравствена состојба. 

Можно е погребот на младата девојка да се изврши денеска, но и таа информација се уште не е потврдена.

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

извор: Faktor.mk фото: Telma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави