Крави пасат во Градскиот парк во Битола !

Крави утрово пасат во Градскиот парк во Битола. Стоката нагрна на зелената трева и засадените зимзелени дрвца. 

Проблемот е во тоа што сопственикот стоката слободно ја пуштил да пасе низ јавните зелени површини во Паркот, а покрај неа и кучиња. Битолчани кои секое утро пешачат низ Паркот, иако не им е воопшто до шега, погодуваат дали можеби се работи за  кравите на Субрата Рој. Но, шегата настрана, бараат брза интервенција од Комуналната инспекција во Општина Битола и казна за сопстевникот.  

Општина Битола и досега постапувала по одлуката за комунален ред каде според член 103, на подрачјето на градот во границите на градежниот опфат се забранува чување на секаков вид ситна и крупна стока, перјеста живина и пчелни семејства. Забрането е задржување, напасување и хранење на стока и живина на јавните површини.

извор: апла.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави