Кралицата Елизабета го прослави 96-тиот роденден со необична фотографија

Британската кралица Елизабета Втора денес го слави својот 96-ти роденден и ќе го прослави во Сандрингем, имотот во Норфолк каде уживаше во семејните прослави со својот покоен сопруг, војводата од Единбург.

По тој повод, на официјалниот инстаграм-профил на британското кралско семејство се појави фотографија од кралицата направена минатиот месец во замокот Виндзор.

На фотографијата се гледа кралицата која гордо стои меѓу нејзините два коња, Бајбек Кејти и Бајбек Најтингел. Таа носи темнозелен капут во вид на наметка додека ги држи уздите на нејзините омилени коњи пред дрвото магнолија.

Кралицата Елизабета ќе го прослави својот 96-ти роденден на местото во кое со нејзиниот покоен сопруг принцот Филип создале многу спомени. Принцот Филип почина минатиот април на 99-годишна возраст. Таа во средата отпатувала од замокот Виндзор до нејзиниот имот Сандрингам, на околу 180 километри од Лондон, потврди Бакингемската палата, додавајќи дека кралицата ќе го помине својот роденден во приватна атмосфера.

Елизабета отсекогаш сакала коњи, а нејзиниот прв коњ, шетландско пони го добила на само 4 години. Познато е и дека таа често се забавувала на коњски трки, ентузијастички навивајќи за своите коњи. Сепак, наводно не јава од почетокот на септември.

Total
0
Shares
Поврзани објави