Кривичен пресуди: 18 години затвор за Анџело и Климентина, а 16 за Андреј за убиството на Денис Тот

Судот пресуди дека Тот починал како последица од ударите на Аџело, Андреј и Климентина која го удирала додека тој веќе лежел мртов на земја. Причината – банална – кавгата околу тоа кој ќе се вози со таксито. Анџело Ѓеоргиевски и Климентина Лефковска добија по 18 години затвор, а Андреј Костовски 16 години.

  • Анџело Ѓоргиевски (28) – 18 години затвор
  • Клементина Левковска (19) – 18 години затвор
  • Андреј Костовски (19) – 16 години затвор
  • „Оттука, Судот согласно член 114 став 2 од Законот за кривична постапка ги задолжува обвинетите солидарно на секој од законските застапници на покојниот оштетен Денис Тот и тоа мајката Татијана Тот и таткото Игор Тот да им го надоместат имотно правното барање и на име на нематеријална штета, односно справедлив паричен надоместок за смрт на нивниот син да им платат износ од по девет милиони денари, а на оштетениот братот Борис Тот солидарно да му платат износ од осум милиони денари, а сето тоа во рок од шест месеци сметано од денот на правосилноста на пресудата“, посочи судијката.

За овие високи казни, судот ги зел в предвид олеснителните, но и отежнувачките околности, како што се фактот дека криеле од итната помош дека го натепале, а и случајот не го пријавиле во полиција. Пресудата не е правосилна, но тројцата ќе останат зад решетки во притвор поради опасност од бегство. Обвинителката Тања Трајчевска е задоволна од изречената казна.

  • „Казната е во рамки на законски предвидената казна. Правилно се оценети“ -рече Трајчевска.

За разлика од неа, адвокатите на осудените ќе се жалат, затоа што сметаат дека изречените казни затвор се драконски, но и дека делото за кое одговараат – убиство – е пресилно, затоа што сепак станувал збор за тепачка без намера некој да биде убиен.

Total
0
Shares
Поврзани објави