Криза во Србија: Вучиќ најавува вонредни избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека српската власт е секогаш подготвена за договор и дека поканата за разговори до опозицијата сѐ уште стои, додавајќи дека ако нема одговор на таа покана, „наскоро“ ќе бидат распишани вонредни избори во земјата.

„Тоа значи дека наскоро ќе го распуштиме српскиот парламент, бидејќи има рокови“, рече Вучиќ.

Според него, откако премиерката Ана Брнабиќ ќе поднесе оставка, тој како Претседател има обврска во следните 30 дена да му го понуди мандатот на некој друг.

„Кога ќе се утврди дека нема мнозинство во Собранието на Србија, ако нема, можно е некој друг да формира мнозинство. Ако се покаже дека тоа сепак не е можно, бидејќи ако Ана Брнабиќ поднесе оставка, Српската напредна партија нема да сака нов мандат, разбирливо е“, додаде Вучиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчеравечер (7.06) повтори дека нејзината оставка е „на маса“ и дека смета оти парламентарни избори пред крајот на годината би биле „излез од кризата“.

„Сметам, а разговарав и со претседателот на Српската напредна партија, Милош Вучевиќ, како најголема партија во Србија, сметам дека излез од оваа криза се парламентарни избори до крајот на годината“, изјави Брнабиќ пред новинарите во Палатата Србија.

Таа му остави на претседателот на Србија, Александар Вучиќ да донесе одлука за тоа и додаде дека во таа смисла „може да смета на нејзина оставка“.

Премиерката нагласи дека единствениот начин да се дојде на власт во Србија е преку избори, „не преку насилство“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео: Нападната Одеса!

Дописничката на „Вашингтон пост“ Изабел Хуршудјан која е со седиште во Одеса се огласи на Твитер и истакна…