Крузер со околу 800 заразени со ковид-19 пристигна во Сиднеј

Крузер со околу 800 патници кои се позитивни на ковид-19 пристигна во Сиднеј, Австралија.

На бродот за крстарење има вкупно околу 4 600 патници и членови на екипажот што значи дека секој петти е заразен со коронавирусот.

Претседателката на австралискиот оператор за крстарење „Карневал Австралија“, Маргарет Фицџералд, вели дека голем број од случаите биле откриени на пола пат од 12-дневното патување. Сите случаи биле асимптоматски или со благи симптоми и како што вели Фицџералд персоналот ќе им помогне на сите позитивни патници да добијат приватен превоз и сместување за да може да се изолираат на правилен начин.

Крузерот, пак, нема да го заврши крстарењето туку наскоро ќе исплови кон Мелбурн.

Овој случај многу потсетува со крузерот „Руби принцес“ на почетокот на пандемијата во 2020 година кога најмалку 900 луѓе беа позитивни, а 28 починаа. И тој крузер беше на операторот „Карневал Австралија“, а на прашање за споредба на двата случаи директорката Фицџералд рече дека од тогаш научиле многу повеќе за коронавирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави