Куба остана без струја по урагнот Иан и страшното невреме

Електричната мрежа на Куба се урна доцна синоќа, оставајќи ја целата земја без струја откако беше погодена од ураганот Иан, кој го опустоши западниот крај на островот со силни ветрови и поплави, пишува Ројтерс.

Лазаро Гуера, технички директор на Електричниот синдикат на Куба, рече дека дефектот во националниот електричен систем, делумно поврзан со невремето, ја погодил инфраструктурата, објавија државните медиуми.

Гуера рече дека синдикатот ќе работи во текот на ноќта и рано во среда за да ја врати електричната енергија.

Total
0
Shares
Поврзани објави