КУЛИТЕ ЏЕВАИР БЕЗ СТРУЈА И ВОДА, фирмата не плаќала сметки а земала од станарите

Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода.

Станарите се оставени без лифт и на погорните катови се принудени да се качуваат пеш. Според информации на Прес24, ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки.

Станарите велат дека уредно ги платиле сметките, но дека проблемот е фирмата управител на висококатниците.

Total
0
Shares
Поврзани објави