Кучиња искасаа до смрт српски новинар

Српскиот новинар Владан Радосављевиќ почина, а неговата сопруга Олга е тешко повредена откако биле нападнати од глутница кучиња во близина на нивната викендица кај Голема Иванча.

Радосављевиќ и неговата сопруга Олга се движеле покрај дворот од кој, според полицискиот извештај, низ отворената ограда истрчале три кучиња и ги нападнале.

Кучињата се свртеле кон 62-годишниот новинар, кој починал како последица од страшниот напад, додека неговата сопруга, која е тешко повредена, успеала да повика помош и моментално е во болница на интензивно лекување.

Сите три кучиња имале сопственици односно носеле плочки на кои биле испишани телефонски броеви.

Две од трите кучиња се од категоријата опасни раси на бултериер. Едниот е стафорд, другиот е мешавина од стафорд и питбул, додека третиот е мешавина од неодредена раса, извести ветеринарната инспекција.

Сите три кучиња се сместени во карантин.

Владан Радосављевиќ бил новинар на поранешното Студио Б и директор на програмата на НТВ Студио Б. Тој е еден од основачите на продукциската група „Мрежа“ и бил директор на „Медија центар“.

Total
0
Shares
Поврзани објави