Лукаревска: Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите, над 300 инспектори вршат контроли

иректорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма изјави дека над 300 инспектори и контролори на УЈП се на терен во сите подружници на синџирот на маркети КАМ во земјава поради утврдени неправилности.

„Согласно контролите на терен, имаме обврска да постапиме. Под лупа се 84 објекти на КАМ маркетите“, изјави Лукаревска во Топ Тема.

Директорката на УЈП истакна дека одредени производи не биле ставени во ставката „Г“, а имало и поплаки од потрошувачите.

„Голем број поплаки се од потрошувачите. Што се однесува кај другите поголеми маркети, кај еден до две беа регистрирани неправилности и на лице место се сузбиени“, кажа Лукаревска.

Total
0
Shares
Поврзани објави