Македонија од денес официјално во нова енергетска криза

Државната ЕСМ веднаш доби 50 милиони евра од Владата за да набавува струја и енергенси за производство на електрична енергија, откако пред некој ден финансии зема кредит во толкава вредност.

На сила стапуваат и мерките за штедење кои за граѓаните и фирмите се само препораки, а пак директорите на државните институции доколку не ја намалат потрошувачката за 15% ќе се соочат со санкции.

Од она што првиот ден го затекнавме на терен, голем дел од институциите ги почитуваат мерките. Сепак иако вработените се водат по насоките, сепак клиентите баш и не ги почитуваат задолженијата. Во зградата каде се сместени Регулаторната комисија за енергетика, Комисијата за хартии од вредност, Македонска навигација и Агенција за супервизија на осигурувањето – клиентите со лифт се качуваат на погорните спратови. Сепак осветлувањето во лифтот е исклучено, па се возат во темнина. Претседателот на РКЕ Бислимовски тврди дека денеска на работа во истата таа зграда на 6ти спрат се качил пеш.

„Јас денеска дојдов по скали на работа, имам проблем со тежината и планирам да ја намалам. Како што гледате светлото е огрнаичено, немаме пуштено ладење и сите мерки за штедење ќе ги преземеме, тие се мерки кои не ги презема само Македонија, туку цела Европа. И сметам дека цела јавност треба посериозно да се однесува кон овие мерки за штедење, затоа што со овие цени ниедна компанија нема да издржи.“ изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Граѓаните пак изминатиов период се побунија за новите сметки за струја и реагираат дека иако штеделе треба да платат повеќе за пренос и дистрибуција отколку за самата потрошена струја. Бислимовски објаснува дека се работи за подетална презентација на сумите, а не за нова давачка. Сепак, признава дека ставката за мрежарина е поскапена од први јули.

„Мрежарината поскапе затоа што загубите на електрична енергија драстично се зголемија. Во дел на останати трошоци, знаете дека кај МЕПСО не прифативме број на вработени, им беа одземени профити. Една и единствена причина е зголемување на цената за набавка за електирчна енергија за покривање загуби во преносна и дистрибутивна мрежа.“ истакна Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Откако стопанството побара намалување на ДДВ-то за електрична енергија и ограничување на маржата на трговците со струја. Бислимовски вели дека државата може да им помогне. Измени може да се направат на моменталните маржи на трговците со стртуја кои според него не надминуваат 25%.

Total
0
Shares
Поврзани објави