Масакр во геј клуб во САД: Најмалку пет лица загинаа, 18 се повредени

Напаѓачот е уапсен. Тој е во притвор и е повреден,потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс

Најмалку пет лица загинаа, а 18 други се повредени откако вооружен маж отворил оган во геј клуб во Колорадо Спрингс.

Очевидци велат дека во инцидентот биле погодени неколку лица и дека има неколку загинати.

Клубот Кју, каде што се случи инцидентот, се рекламира како „ноќен клуб ориентиран кон хомосексуалци и возрасни. Во него се одржуваат тематски вечери со караоке и диџеи.

„Напаѓачот е уапсен. Тој е во притвор и е повреден“,потврди началникот на полицијата во Колорадо Спрингс, Памела Кастро.

Мотивот за нападот се уште не е познат.

Total
0
Shares
Поврзани објави