Машко бебе е првата принова во 2023 година, се роди на скопска Гинекологија

Една минута по полноќ, точно во 00:01 часот, се роди првото бебе во новата 2023 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Бебето е машко, тежи 3 720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете. Од Клиниката на новороденчето му посакаа добро здравје и среќно детство.

Total
0
Shares
Поврзани објави