Мајката на момчето што се самоуби од Корчагин не простува – си ја отвори душата

Со Фб статус мајката на момчето од скопската гимназија Корчагин кое пред неколку месеци се самоуби отвори вистини кои до сега сите ги молчеа. Во продолжение го пренесуваме статусот.

НЕПРОСТЕНО!

Празнина голема во душата и срцето на мајка што го изгубила највредното нешто во животот, свото дете.

179 дена од смрта на мојот син. Тага, болка и неверување дека повеке го нема. Отиде да го земе свидетелството и не се врати.

Инспектори, Обвинители! Детето остави Проштално писмо каде напиша Кој и што го повредило. Но Вие не можевте да открите. Можеби да се работеше за ваше дете ке откриевте

В. Д. Директорке на “КОРЧАГИН” Елена Стојановска

Дали му изразивте сочуство на семејството? Детето излезе од училиштето, ја премина улицата и си го одзеде животот.

12часа после смрта на мето дете направивте прием и забава за новите ученици и Градоначалничката Арсовска. Дали со збор го спомнавте Вашиот починат ученик.

Ах,мило мое дете толку многу го сакаше “Корчагин” мислеше дека тука ке добиеш добро образование.

Дали постои МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ?

Класна, “teacher” Татјана Голчева!

Дали ви се сите книги на број?

МОЕТО ДЕТЕ ГО НЕМА!?!

Го навредувавте и понижувавте на почетокот од учебната година пред неговите другари-соученици.

“Не ве почитувал”!

Дали вие заслужувате почит?

Неодговорен, Невиспитан и Дрзок се вашите зборови упатени кон него и родителите 48 часа пред да си го одземе животот.

СО ШТО ГО ЗАСЛУЖИ ТОА МОЕТО ДЕТЕ?

Мирно, тивко, воспитано момче. Лош збор на никого немаше кажано, а не пак нешто лошо направено….

Јас, Ти и Господ ми сведок дека ја зборувам вистината.И кога го нема веке вие се осмеливте да не ја зборувате вистината пред Вашите колеги. Родителите и каде уште не.

“Корчагинци” Сегашни и бивши да ве слушнам како поминавте низ образовните и воспитни методи на познатата “teacher”?

Новинари-Мирослава Симоновска и твоите информатори. Во моментите на најголема тага и болка од загубата на моето дете пишуваше невистини за семејството со што не повредуваше уште повеке.

Во класот со мојот син учеа уште 33 деца. Само 2(две) мајки ме побараа да ми изразат сочуство. Нека ви се живи и здрави децата. Никој и никогаш повеке да не ја почуствува мојата болка за загуба на дете.

Да можеше да зборува сега мојот син ке ми кажеше “ПРОСТИ ИМ МАМА”! Прв и последен пат нема да ја почитувам твојата желба мило мое дете. Не можам да им простам.

СИТЕ ШТО ГО ПОВРЕДИВТЕ МОЕТО ДЕТЕ,

НЕПРОСТЕНО!!!!!!

фб статус на Д. Панеска

Total
0
Shares
Поврзани објави