Мајмунски сипаници и во Србија

Србија го регистрира првиот случај на заболен со мајмунски сипаници, објави Институтот за јавно здравје „Батут“.

„Случајот дијагностички е препознаен и дадена е терапија. Лабораториската дијагностика е направена на Институт за вирусологија, вакцини и серум ‘Торлак’“, пишува во соопштението од Институтот.

Станува збор за лице што дошло во Србија од странство.

Од Институтот додаваат и дека е извршено епидемиолошко испитување и преземени се сите мерки за евиденција, тестирање и контрола на евентуално понатамошно ширење на инфекцијата.

За првиот потврден случај српските здравствени власти ги известиле и меѓународните здравствени институции.

Total
0
Shares
Поврзани објави