МВР повторно најде стотици КГ марихуана во фирмата Медицал 420 во Битола – владата лани ѝ ја одзеде лиценцата на седница на која поради судир на интереси не гласаше Заев

Пронајдена е марихуана во вредност од 800 илјади евра во објект на фабрика за производство на марихуана на која уште лани во мај и била одземена лиценца, соопшти МВР.

Според сознанијата на Телма станува збор за објект на компанијата Медицал 420 во Битола, од која потекнуваше дел од товарот на марихуана кој лани во април беше откриен на Плетвар, а во транспортот учествуваше и полицискиот началник на прилепската полиција.

Во таа акција помагаше и американската ДЕА, но иако и беше одземена лиценца за производство на канабис во медицински цели, во истата фабрика продолжило производство на марихуана за нарко пазарот.

Вчера во полициска акција во која учествувале и специјалци „Тигри“ биле најдени околу 250 килограми марихуана во објектот, а биле уапсени 5 лица.

-При извршениот претрес на правниот субјект, во една од просториите затекнати се две женски лица во момент на обработка и пакување на сув цвет од канабис, додека во други простории на фабриката е пронајдена голема количина на сув цвет од канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, пронајдената дрога е спакувана во 67 вреќи во вкупна тежина од околу 250 килограми. Петте лица се приведени во полициска станица, а по комплетирање на целокупната документација против сите инволвирани лица во нелегално производство на наркотична дрога марихуана ќе биде поднесена кривична пријава.

Од МВР нема детали за фирмата каде е најдена дрогата освен што е наведена одлуката за одезмање на лиценцата за производство на канабис за медицински цели.

Фирмата МЕДИЦАЛ 420 ДОО Битола е под стечај и нема лиценца, но пред еден месец на 11-ти јули е регистрирана фирма со иста дејност (канабис за медицински цели) со многу слично име во Битола, односно се вика МЕДИЦАЛ 420 УСА ЛЛЦ ДООЕЛ Битола со управител кој не бил во структурите на затворената фирма која се наоѓа на различна адреса од новоформираната за која нема информации дали има дозвола за одгледување на марихуана.

МВР потврди дека дрогата вредна околу 800 илјади евра потекнува од затворена фабрика за канабис со одземена лиценца. Интересно е што на седницата во мај лани, тогашниот премиер Заев не учествувал при одземање на лиценцата и на Медицал 420 и на Пхарма-Битола (двете канабис медицински фабрики кои наместо лекови правеле дрога за продажба).

-Притоа, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, не присуствуваше на седницата на Владата при расправата и одлучувањето по однос на овој материјал и беше изземен, врз основа на одредбите од член 73 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, стои на владиниот сајт за одлуките за одземање на лиценците за проиводство на канабис/коноп.

Членот 73 од Законот за спречување на корупција предвидува „Ако службено лице учествува во расправа на орган или тело во кое се одлучува за работи зa кои тоа или блиско лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватниот интерес и да се изземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.“

„Сопствен приватен интерес или на блиско лице“ било причината за неучество на Заев како премиер во одлучување на владата за одземање на лиценци, иако не е наведено конкретно за каков приватен интерес станува збор, иако е познато дека членови на семејството Заеви се инволвирани во повеќе фирми за медицински канабис.

Но, на друга точка на истата владина седница, Заев не се изземал иако било издавана лиценца за одгледување на канабис за медицински цели на фирмата ГРАСС БРОВВНИЕС ДОО експорт-импорт с. Зубовце Врапчиште.

извор: telma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави