Ментално болна девојка била продадена од мајката и сестрата на четиричлена банда

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Четворица од нив, заедно, извршиле повеќекратно кривично дело трговија а останатите двајца се товарат дека индивидуално го извршиле го истото кривично дело.

Во временскиот период од декември 2021 до април 2022 година, трето и четврто осомничените – мајка и сестра на жртвата, ја врбувале девојката​ злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други лица, за што на нејзината мајка им давале надомест во пари или друга корист.

Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници во домот на шестиот член на бандата кој ја прифатил со цел сексуално и трудово да ја искористува за надомест од 5.000 денари.

Надлежниот обвинител побарал притвор за да спречи бегство на групата или попречување на истрагата од нивна страна особено затоа што обвинителството сѐ уште обезбедува докази важни за утврдување на фактичката состојба, и бидејќи постои сомневање дека доколку осомничените бидат на слобода можат да влијаат и да се закануваат на потенцијалните сведоци, како и да го повторат делото.

Total
0
Shares
Поврзани објави