Мило Ѓукановиќ позитивен на коронавирусот

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ е позитивен на коронавирусот, откако, како што претходно беше соопштено, имал контакт со лице позитивно на ковид-19, соопшти кабинетот на црногорскиот претседател.

Ѓукановиќ има благи симптоми и се чувствува добро.

„Во согласност со епидемиолошките мерки престојува во самоизолација, од каде ќе ги врши своите редовни претседателски должности“, се наведува од кабинетот.

Total
0
Shares
Поврзани објави