Минималецот се покачи на 20 175 денари

Почнувајќи од април, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2 175 денари и од 18 000 денари ќе се покачи на 20 175 денари. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална, вели премиерот.

Донесовме одлука за зголемување на минималната плата. Почнувајќи од април, минималната плата во државата ќе биде повисока за 2 175 денари и од 18 000 денари ќе се покачи на 20 175 денари, односно ќе има зголемување за 12 отсто, изјави премиерот Димитар Ковачевски по денешниот Еконосмко-социјален совет.

„Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Согласно Законот за административни службеници, кој е усогласен со Законот за минимална плата, тоа значи дека линеарно ќе се усогласат и платите на 27 000 службеници, како и во другите сектори во кои законите се усогласени со Законот за минимална плата“,рече Ковачевски.

Министерката за труд и соицијална политика Јована Тренчевска рече дека со денешната одлука на Економско-социјалниот совет продолжува постојаниот раст на минималната плата.

„Имаме постојан раст на платите и за оваа година нето-минималната плата изнесува  20 175 денари, а бруто-минималната плата од март 2023 година изнесува 29 739 денари“,нагласи Тренчевска.

Зголемувањето на минималната плата е направено согласно новата методологија за усогласување донесена во 2022 година по преговорите меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Како што објасни Тренчевска, минималната плата се пресметува со формула во која се користат два параметри – порастот на платата и стапката на инфлација минатата година. Поточно, тие стапки се делат на два и се собираат резултатите, за да се определи стапката колку треба да порасне минималецот. Лани инфлацијата била 14,2 отсто, а порастот на нето-платата 10,9 отсто. Поделени на два овие стапки се 7,1, односно 5,45, а нивниот збир е 12,55.

„За толкав процент ќе порасне минималната плата, односно во март нема да се исплати пониска основна плата од 20 175 денари“,изјави Тренчевска.

За вицепремиерот Фатмир Битиќи дојден е денот кога дефинирањето на минималната плата повеќе не е предмет на преговори, кавги, уцени и купување политички поени.

„Денес на Економско-социјалниот совет, преку дијалог со синдикатите и работодавачите лани, се договоривме за системско решение и нова методологија за постојан раст на минималната плата и ја утврдивме сегашната плата, односно 20 175 денари“,рече Битиќи.

Од Организацијата на работодавачи рекоа дека отсекогаш ги поддржуваат системските и законски решенија и секојпат се стремат да ги мотивираат и да ги наградат добрите работници.

Total
0
Shares
Поврзани објави