Министерот Маричиќ предложил помилување на Сеад Кочан

Министерот за правда Бојан Маричиќ му предложи на претседателот Стево Пендаровски да бидат помилувани шестте месеци од преостанатото време во затвор на Сеад Кочан, осуден за кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик“. Во документот до кој дојде телевизија Алсат се наведува дека се бара делумно помилување.

„Да биде делумно ослободен од натамошно издржување затворска казна, односно шест месеци.

„Затворската казна почнал да ја издржува на 01.08.2019 година, а казната му завршува на 01.04.2024 година. Осудениот од изречената казна одлежал две години и пет месеци. Од 01.01.2022 година треба да одлежи уште две години и три месеци затвор“.

Сеад Кочан беше осуден откако формираше лажен конзорциум за да конкурира и да го добие тендер за ископ на јаловина во „РЕК Битола“ во висина од 17 милиони евра. Во текот на 2021 година, тој неколку пати користел слободни викенди.

Total
0
Shares
Поврзани објави