Министерството за правда побарало од Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот и усвоениот дневен ред

Министерството за правда со голема загриженост ги следи настаните во Судскиот совет. И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството.

Заради добивање на повеќе информации,Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид Записникиот од 438-та седница како и усвоениот дневен ред. 

Претседателот Стево Пендаровски оцени дека сцените кои вчера се случуваа на седницата на Судски совет не му доликуваат на такво тело кое има многу одговорна улога, со оглед на надлежностите кои ги има во изборот и разрешување на судии и оценување на работата на судиите, грижата за угледот на судството како клучен фактор за довербата на граѓаните кон судството.

Total
0
Shares
Поврзани објави