Мицкоски од Благоевград: Не подгреваме тензии, обединуваме

Со македонскиот Устав, правото на сите малцинства е загарантирано и македонскиот Устав е согласно буквално сите меѓународни норми и правила. Прашањето е зошто правoто на Македонците во Бугарија не е признаено, праша Мицкоски во Благоевград.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предмалку пристигна во Благоевград, Бугарија, на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“. Во изјава за медиумите пред почетокот на настанот, Мицкоски кажа дека целта на неговото присуство денеска во Благоевград е да даде поддршка на Македонците во Бугарија.

„Да ги поддржиме нашинците, Македонците, од оваа страна на границата. Да испратиме јасна порака дека ние сме Макеоднци кои зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија и за тоа, во 21 век, веќе не треба никој, ниту да има дилема, ниту треба вооопшто да разговара. Треба да се почитува правото на самоопределување, а нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти“, изјави Мицкоски.

На новинарско прашање на бугарските медиуми, зошто Северна Македонија не го признава правото на македонските Бугари, Мицкоски рече:

„Кој не го признава правото? Со македонскиот Устав, правото на сите малцинства е загарантирано и македонскиот Устав е согласно буквално сите меѓународни норми и правила. Прашањето е зошто правoто на Македонците во Бугарија не е признаено?“

Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ не е причината која подгрева тензии меѓу двата народи, туку дека обединуваат.

„Ние како Макеоднци сме горди што сме денеска тука и можеме да го поздравиме отворањето на македонскиот клуб“,  кажа Мицкоски.

Total
0
Shares
Поврзани објави