Мицкоски со нов предлог: Африм Гаши да биде нов премиер

Африм Гаши да биде идниот мандатар на новата Влада, предложи денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски предложи Африм Гаши наместо Димитар Ковачевски да биде новиот мандатар на Владата. Вели тоа е одговор на барањето на ДУИ за Албанец премиер и доказ дека неговата партија нема етнички комплекси и дека се води само според компетенциите.
„Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис, да застанеме со 61 потпис зад името на Африм Гаши и тој да биде идниот мандатар бидјеќи велеше дека единствена причина за која што ја поддржува оваа влада е да не го кочи интегративниот процес кој еве сеа е закочен па потоа си најде нова причина а тоа е да ги реши економската и економската криза и еве му на него можност да се размавне како мандатар.

Очекува дека и албанската опозиција ќе го поддржи овој предлог и очекувам дека Ахмети и ДУИ ќе го поддржат Африм Гаши наместо Димитар Конвачевски за иден мандатар на новата Влада. Ако немаат 61 еве и ние ќе им помогнеме да стигнат до 61 и да му дозволиме на господинот Африм Гаши да се размвне и да ја реши енергетската и економската криза во Македонија која секако ги мачи граѓаните“ – рече Мицкоски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес кај Крушевац

Земјотрес со јачина од 3.8 степени по Рихтер ја потресе Србија. Епицентарот на земјотресот е лоциран на 17…