Мицотакис го врати, денеска Ципрас ќе го добие мандатот за формирање Влада

Алексис Ципрас – лидерот на СИРИЗА денеска ќе биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и таа ќе му го додели мандатот за формирање Влада во Грција.

Откако претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, сега тој оди во рацете на второрангираната партија на парламентарните избори во неделата – СИРИЗА која освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место. Сепак, партијата на Ципрас е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник за формирање Влада.

Претпоставките се дека и Ципрас ќе го врати мандатот или воопшто нема ниту да го прими, па следна ќе биде третата партија, ПАСОК – Движење на промена.

Информациите од Грција се откако ќе заврши циклусот со мандатите на првите три партии, предвидено е претседателката на Грција или да свика лидерска средба или да разговара со претседателите на сите партии во последен обид за формирање Влада. Доколку и тоа е без резултат, следниот чекор е формирање службена Влада со цел да ја одведе земјата на избори.

Нова демократија победи на парламентарните избори во неделата, но поради пропорционалниот изборен модел што не предвидува бонус пратеници за првата партија, не е во можност да формира еднопартиска Влада.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина маестро Џамбазов

Денеска почина Александар Џамбазов. Веста ја објави неговиот син Игор Џамбазов. Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно,…