Мурињо: Ги лажев сите!

Жозе Мурињо во неделата го имаше својот 1000 јубилеен натпревар во својата професионална тренерска кариера.

Рома на Олимпико стадионот во Рим дојде до трите бода со погодок во самиот финиш на натпреварот.

„Волчицата“ се мачеше во второто полувреме, голманот Руи Патрисио ги спречи гостите да направат пресврт, а во првата минута од судиското надополнување Стефан ел Шарави ги крена сите на нозе со својот прекрасен гол.

Мурињо реагираше емотивно, истрча неколку стотини метри покрај теренот во еуфорија.

– Ги лажев сите! Со денови им кажував на играчите дека не ми е грижа за овој 1000 натпревар. Но, постоеше огромен страв од пораз! За среќа, победивме и трчав како дете бидејќи се чувствувам како да имам 12 години, не 58 – рече Мурињо.

Португалскиот стратег оствари 639 победи во 1.000 мечеви во кариерата со 198 нерешени средби и 162 порази, и освои 25 титули со Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ПОБЕДА: МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА 1:0

Репрезентацијата на Македонија победи против европскиот првак Италија. По изиграното нерешено полувреме Македонија го обезбеди својот пласман во…