Напади со дронoви врз Москва, двајца повредени, неколку летала биле соборени

Во Москва две лица побарале медицинска помош по нападот со дрон, изјави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин. Тој додаде дека повредите биле такви што не барале хоспитализација, пренесува Интерфакс. Собјанин изјави дека итните служби продолжуваат да работат на терен.

Претходно, Собјанин изјави дека рано утринава напад со дрон врз Москва предизвикал мала штета на неколку згради.

Андреј Воробјов, гувернер на Московската област, на комуникациската платформа „Телеграм“ изјави дека неколку дронови биле соборени додека се приближувале до Москва, пишува „Гардијан“.

Неколку руски канали информираат дека имало околу 10 беспилотни летала кои се движеле кон Москва и областа околу градот.

Во текот на ноќта, Русија соопшти дека нејзината војска ги погодила украинските воздушни бази, а украинските сили гранатирале индустриски капацитети во Русија во моменти кога двете страни бараат предност пред она што Киев се надева дека ќе биде одлучувачка контраофанзива.

Руската државна новинска агенција РИА го цитираше Министерството за одбрана дека се погодени повеќе воздушни бази.

Од Украина нема потврда за ваквите наводи. Руските напади врз Киев зачестија што пак ги примораа жителите на главниот град на Украина повторно засолниште да бараат во метро станиците, додека Украина, вооружена со ново западно оружје, подготвува притисок да се обиде да ја врати територијата што Русија ја зазеде од почетокот на војната.

Total
0
Shares
Поврзани објави