Народна банка: Стапката на инфлација умерено ќе се зголеми

Стапката на инфлација до крајот на годинава ќе биде повисока од првично проектираните 2,2 проценти. Следниот месец се очекува Народната банка да ја ревидира и покачи стапката на поскапување, но растот ќе биде умерен и не се очекува енормно да влијае на цените на храната.

„Последните читања на инфлацијата официјални се просечна инфлација од 2,7 што значи дека остварувањата се умерено повисоки и оттаму со таква основа, извесно е дека би направиле умерена нагорна корекција на инфлацијата за оваа година. Не се очекува растот на цените на суровините по нивниот силен пад минатата година да се прелее со некој силен интензитет во финалните цени односно врз потрошувачите. „

На поскапувањата алармираа први од Стопанската комора кој излегоа со проценки дека на некои прехранбени производи цената би пораснала и до 50 проценти. На средбата  со вицепремирот Фатмир Битиќи  заклучиле дека треба да се следат цените на светските берзи и да се креираат навремено мерки.

Стопанска комора

„Соодветно на движењата на берзанските цени се прават стручни анализи од кои би можеле да произлезат автономи или системски мерки, кои би одговориле на предизвиците со кои се соочуваат преработувачите на кус или долг рок соодветно.“

Според најавите во наредните месеци се очекува раст на цените на производите поради состојбата со пандемијата, растот на цените на енергенсите и климатските промени. Економските експерти посочуваат навремено креирање на фискални политики за да може да се ублажи ударот од растот на цените.

Total
0
Shares
Поврзани објави