Наставничка од ОУ „Александар Македонски“ осомничена за продажба на дрога

Наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ во Лисиче, општина Аеродром е осомничена дека е вмешана во продажба на дрога, дознава МКД.мк од свои извори. Вчера Министерството за внатрешни работи во голема полициска акција приведе неколку лица, дилери на дрога, а меѓу нив е и наставничката. Според првичните информации, се работи за продажба на амфетамин. 

Официјални детали од МВР за оваа голема акција ќе следуваат подоцна.

извор: mkd.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави