Најпопуларниот грчки остров воведува полициски час и забрана на музика во баровите

Грчките власти од денеска забранија музика во рестораните и баровите и донесоа одлука да се ограничи движењето на луѓето на популарниот остров Миконос, откако забрзано се зголемува бројот на заразени со болеста во таа област.

По „загрижувачката“ локална епи*емија, Министерството за цивилна заштита соопшти дека забранува музика на островот и дека движењето од еден часот по полноќ до 6 часот наутро ќе им биде дозволено само на оние кои одат или се враќаат од работа, или од здравствени причини, Објави Ројтерс.

Овие ограничувања ќе бидат на сила до 26 јули.

Ројтерс наведува дека Миконос е познат како остров каде се забавуваат супер богатите, и тоа е една од најпопуларните грчки дестинации која привлекува повеќе од милион посетители секоја година, меѓу нив има и холивудски ѕвезди, модели и светски познати спортисти.

Total
0
Shares
Поврзани објави