На изборите во Бугарија победник коалицијата на Бојко Борисов

Податоците на социолошката агенција „Галуп“ од паралелното пребројување на 100 отсто од гласовите покажуваат дека на предвремените парламентарни избори во Бугарија победи коалицијата на Бојко Борисов – ГЕРБ-СДС со 23,5 отсто од гласовите.

Втора е „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков и Асен Васелив со 19,5 отсто, јавува дописникот на МИА од Софија. Движењето за права и слободи – 15,2%, националистичката партија “Преродба” ги удвои гласовите во однос на последните парламентарни избори во Бугарија и доби 10,0 отсто, Бугарската социјалистичка партија – 8,9 проценти „Демократска Бугарија” на Христо Иванов – 7, 0 отсто, а партијата на поранешниот вршител на должноста премиер Стефан Јанев „Бугарски подем“ според овие пресметки влегува во 48. Народно собрание на Бугарија и добива 4,7 проценти.

Под прагот за влез во парламентот остануваат „Има таков народ“ на Слави Трифонов со 3,8 отсто, „Исправи се Бугарија“ на поранешниот народен правобранител Маи Манолова со 1,1%, ВМРО – 0,8%, а оние кои гласале „Јас никого не поддржувам“ се 3,4 проценти.

Според агенцијата Галуп, излезноста на гласачите на парламентарните избори во Бугарија била 39,5 отсто.

Total
0
Shares
Поврзани објави