На 2 мај во Слупчане ќе биде откриен споменик во чест на борците на ОНА

Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Липково Еркан Арифи

На 2 мај во селото Слупчане свечено ќе биде откриен споменик во чест на паднатите борци на ОНА.

Настанот на Фејсбук го најави градоначалникот на Липково Еркан Арифи, кој воедно објави и видео поврзано со конфилктот од 2001 година.

„На 2 мај сите патишта водат кон гробиштата на мачениците во Слупчане, а манифестацијта ќе биде уште повеличествена со откривањето на спомен-кулата“, напиша Арифи на Фејсбук.

Тој претходно изјави дека споменикот го гради фирмата „ХОЏА инженеринг“ и чини 200 000 евра, дека е легален и регистриран во Министерството за транспорт и врски.

Од Министерството за транспорт и врски за Телма пак демантираат дека е побарана, ниту пак била издадена дозвола.

Во Министерството за култура велат надлежноста е на Собранието или на единиците за локална самоуправа.

„Во овој случај се постапува според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, за што се надлежни Собранието на Република Северна Македонија или единиците за локална самоуправа. Министерството за култура во ниту еден сегмент не учествува во подигањето на современи споменици и спомен обележја“,

Министерката за култура Бисера Костадинова Стојческа за Телма изјави дека не знае за споменикот во Слупчане, ниту за други споменици кои сами си ги градат општините. Таа денеска се огради и вели дека Министерството нема надлежност освен да се грижи за културното наследство.

ДУИ го слави 2 мај како ден на бранителите, а датумот со поклопува и со големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Минатата година на 20-годишнината од воениот конфликт во 2001 година лидерот на ДУИ Ахмети, на местото на спомен-кулата положи свежо цвеќе и вети дека споменикот ќе биде готов до ноември истата година, но изградбата се пролонгираше.

Total
0
Shares
Поврзани објави