Небезбеден производ – БАЛAНС + ферментиран млечен производ повлечен од продажба

Агенцијата за храна и ветеринарство информираше дека се отповикува небезбеден производ – БАЛAНС + ферментиран млечен производ, нето количина 1 кг, поради испратена количина која не е наменета за македонскиот пазар со неусогласена концентрација  на афлатоксини според македонските прописи и е потенцијален ризик по здравјето  на луѓето.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, нагласуваат од АХВ.

Агенцијата ги објави следните податоци за отповиканиот производ:

Сериски број/лот: 28.11.22

Рок на употреба: 28.11.2022

Производство: AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija.

Увозник:  Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Северна Македонија.

Дистрибутер: Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Северна Македонија.

Total
0
Shares
Поврзани објави