Новиот премиер Ковачевски: “Работа веднаш”

Со примопредавањето на функцијата меѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот македонски премиер , утрово и официјално стартува првиот работен ден на Димитар Ковачевски на „Илинденска” број 2.

„Како граѓани, како држава, можеме да обезбедиме речиси се, но најмалку на располагање имаме време“, рече Ковачевски.
Целосно свесен во каков период стапува на должноста, јасно е дека ќе нема „меден месец“ за владата, ниту пак го побара тоа.

„Не очекуваме и не бараме 100 дена грејс период за новата Влада. Едноставно, нема време за запознавање и анализи. Влегуваме во жарот на проблемите и предизвиците и ќе сториме се да бидеме успешни и ефикасни, за што јавноста и вие пратениците ќе не контролирате“, рече Ковачевски и најави „работа веднаш!“

Total
0
Shares
Поврзани објави