Нови случаи на делта-сојот во Скопје, Куманово и Тетово

Во последната недела се детектирани пет нови случаи на индискиот (делта) сојот на ковид-19, информираше министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Три од новите случаи се од Скопје, а по еден случај има во Куманово и Тетово.

Филипче посочи дека во земјава освен индискиот-сој на вирусот има и други мутации, за кои, како што вели, единствен лек е вакцината против ковид-19. Затоа апелираше граѓаните да се вклучат во процесот на имунизација со цел да се спречи втор бран од болеста, но и да се избегне хоспитализација и тешки компликации, кои може да доведат и до смртни последици.

„За сите мутации вакцината е единствениот спас и граѓаните мора да се свесни дека тоа е начинот на кој ние може да ставиме крај. во моментов правиме анализи колку се вакцинирани оние сектори што ни се главен фокус – над 85 во здравството се вакцинирани, над 54 во градинките и исто толку од вработените во училиштата…Доколку се соочиме со нов бран, размислуваме за некакви нови органичување. Не можеме да живееме затворени. Затоа е и вакцината измислена, за да се врати животот во нормала“,

вели Филипче.
Total
0
Shares
Поврзани објави