Нови 6 години затвор за Груевски – конфискувана белата палата на ВМРО – ДПМНЕ

Во Кривичниот суд во Скопје денеска ја објави пресудата за случајот „Талир 2“, во кој беа обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.

Никола Груевски е осуден на : 6 години затвор

Кирил Божиновски: условна осуда

Зградата на ВМРО – ДПМНЕ – судот одлучи : се конфискува

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го водеше судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Total
0
Shares
Поврзани објави