Нов пресврт: Смртта на ракометарот Тот сепак е насилна – приведени две лица

Насилна смрт. Докторите од Судска медицина ги разрешија дилемите во јавноста, откако обдукцијата покажа дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта на 27-годишниот ракометар од Хрватска, Денис Тот, кој вчераутро почина на скопските клиники.

Потврда за ова добивме и од Скопското обвинителство, кои се веќе усно известени и ја чекаат целосната документација за да отворат предмет. Од доказите ќе зависи квалификацијата на делото, дали ќе биде убиство или насилство со смртни последици.

Инволвирани се три лица, од кои две, дечко и девојка,  се веќе приведени, а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб во парк.

Кога тргнале да си одат, се степале, по што Тот паднал во бесознание, а останатите си заминале.

Телото на младиот ракометар го видела една од вработените во дискотеката и веднаш повикала Брза помош.

telma.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави