Нов пропуст на Општина Центар: Прифатен фиктивен геомеханички елаборат

Уште едно скандалозно откритие откако заврши деталната истрага од страна на експертите ангажирани во име на жителите на Питу Гули, со цел да се покријат сите недостатоци во даденото Одобрение за градба во корист на фирмата Маркеза од страна на Општина Центар. 

Фирмата во својата документација до Општината доставила геомеханички елаборат кој се однесува за друга адреса. Геомеханичките елаборати служат за детално испитување на земјиштето на кое се планира градба, за понатаму да се пресмета носивоста, присуството на подземни води и слични, пред сѐ, безбедносни параметри. Со специфична механизација, се земаат примероци од одредена длабочина кои понатаму се испитуваат по лабораториски пат.

Адресата која е напишана како локација од која се земени примероците не е адресата за која е издадено Одобрението за градба, туку е поранешната адреса на која е регистрирана Маркеза ДООЕЛ, во населбата Кисела Вода. Покрај тоа, во елаборатот се вели дека потребните раскопи се изведени рачно, а ова би било невозможно поради тешкиот пристап до парцелата. Исто така, доколку постоеле вакви дејствија – жителите ќе ја забележале механизацијата со оглед на тоа дека потребната длабочина на овие бунари изнесува 12 метри. Жителите се сомневаат дека фотографиите од 12 метарските бунари, кои се приложени во елаборатот, се направени на друга локација затоа што на парцелата никогаш не биле изведувани никакви раскопи.

На ова земјиште инаку, никогаш во историјата на шумата Водно не постоеле градби и отсекогаш било зелена површина. Со донесувањето на спорниот ДУП во 2014 година се овозможува овој зелен појас да се урбанизира и со тоа парцелите на ридот да се трансформираат во градежни парцели. Парцелата на Маркеза е првата парцела од трансформираниот зелен појас која доби дозвола за градење. Граѓаните уште еднаш јавно бараат Општината да ги поправи грешките од минатото и детално да истражи какви сѐ пропусти се направени во овој дел од шумата Водно. 

Total
0
Shares
Поврзани објави