Нуклеарната централа во Чернобил остана без струја, не е познато нивото на радијацијата

Нуклеарната електрана Чернобил е во целост исклучена од електрична енергија како резултат на дејствијата на руските напаѓачи, информира операторот „Укренегро“.  

„Поради воените акции на руските окупатори на нуклеарната електрана во Чернобил, во целост е исклучена електричната мрежа. Нуклеарната станица нема напојување. Воените акции се во тек, така што нема можност за обновување на водовите“,

велат од „Укренегро“ за Интерфакс – Украина.

Украинските функционери велат дека не знаат колкаво е нивото на радијација во Чернобил откако руските сили го заземаа порано во текот на инвазијата, пишува Скај њуз.

Украинската државна нуклеарна компанија предупреди дека радиоактивните честички можат да бидат испуштени од изгасената нуклеарна електрана Чернобил бидејќи не може да го лади истрошеното нуклеарното гориво откако е прекинато напојувањето, пишува Ал Џезира.

Претходно Меѓународната агенција за атомска енергија рече дека нема повеќе контакт со тимовите за мониторинг во Чернобил.

„Во овој момент никој не разбира што се случува во Чернобил и каква е заканата. Ситуацијата е крајно опасна“,

соопштија од Агенцијата.
Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Горивата пак поефтинуваат

Ново големо намалување на малопродажните цени на горивото, во просек за 9,18 проценти, изврши денеска Регулаторна комисија за…