Видео снимка од аеродромот во Кабул: Вака изгледа очај

Новинарот на Вол Њуз, Гај Елстер објави видео снимка на Твитер направена утрово во близина на аеродромот во Кабул.

– Вака изгледа очај. Огромен број луѓе утрово на аеродромот во Кабул, и покрај вчерашниот масакр. Велика Британија и САД предупредуваат за нови напади, напиша Елстер.

Повеќе западни земји објавија дека воздушниот превоз сега е завршен, а САД ги затворија влезовите на аеродромот и не успеаја да им овозможат заминување на десетици илјади Авганистанци кои работеа за западните земји во текот на 20-годишната војна.

Американските власти велат дека има околу 5.200 американски војници на аеродромот „Хамид Карзаи“ во Кабул.

Total
0
Shares
Поврзани објави