Огнот во модуларната болница во Тетово се ширел по хоризонтала – по кислородната инсталација, се гасело со ќебе

Пожарот кој за три минути ја пеплоса модуларната болница во Тетово и животот го загубија 14 луѓе , се ширел по хоризонтала, дознава Досие. Според наши извори немало никакви шанси да се интервенира бидејки огнот се ширел по инсталацијата за довод на кислород до пацинетите.

Според досегашните информации бил предизвикан од краток спој на жица на продолжен кабел. Оние кое можеле брзо да станат со помош на придржба од луѓе кои биле до нив успеаа да се спасат. Но брзината на пожарот била неверојатна, па ниту пожарникарите можеле да стигнат на време да интервенираат.

Извори од обвинителството за неделникот Фокус брифираат дека во првите момени на пожарот медицинскиот персонал се обидел да интервенира , но не со противпожарна опрема. Од обвинителството потврдуваат дека се гасело со ќебиња и вода, затоа што во објектот немало против пожарен апарат.

Одговорност засега се уште нема. Министерот за здраство Венко Филшче предложи, но премиерот Зоран Заев не прифати негова оставка од морални причини. Наши и германски истражители извршија форнезички истражувања, а обвинителството отвори предмет. Засега нема информации дали ќе се бара одговорност за градењето, инсталцијата , набавката на опремата и необезбеденаоста на болницата со ППЗ опрема.

К.М. фото – Досие

Total
0
Shares
Поврзани објави