Огромни количини природен гас во форма на меури излегоа на површината на Балтичкото Море – ЕУ смета дека е саботажа од Русија

Огромни количини природен гас во форма на меури излегоа на површината на Балтичкото Море во делот каде поминуваат руските цевководи кои ја снабдуваат Германија, во близина на брегот на Данска и Шведска.

Пред да бидат регистрирани истекувањата претходеле силни експлозии кои биле детектирани од сеизмолошките станици во Данска, Норвешка и Финска, а едната од нив била со јачина на земјотрес од 2,3 степени.

Ова дополнително ја зголеми загриженоста кај европските земји дека станува збор за саботажа од страна на Москва со цел да покаже дека сите гасоводи се ранливи на напади.

Уште повеќе што се случува во момент кога се одвиваше свеченото отворање на долгоочекуваниот Балтичкиот гасовод што ќе донесе норвешки гас во Полска во напорите да се зајакне енергетската независност на Европа од Москва.

Total
0
Shares
Поврзани објави