Одлука на УЕФА – ФФМ ќе треба да плати 10 илјади евра за исвиркување на химната на Бугарија

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) парично ја казни Фудбалската федерација на Македонија за случувањата на натпреварот со Бугарија одигран на 26 септември во Скопје.

ФФМ ќе треба да плати 10 илјади евра за исвиркување на химната на Бугарија, како и 4.500 евра за фрлање на предмети на теренот.

Казна доби и македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски. Тој поради добиениот црвен картон е суспендиран еден натпревар.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Синиша Михајловиќ

Страшна вест доаѓа од Италија, откако весникот „Газета дело спорт“ прв објави дека Синиша Михајловиќ почина денеска, губејќи…