Од компликации од корона почина Марјан Додовски, поранешен министер и пратеник

Додовски беше министер и заменик-министер за животна средина во првата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кога премиер беше Георгиевски, а во периодот 2006-2008 беше пратеник на ВМРО-НП.

Марјан Додовски (55), поранешен министер за животна средина и пратеник, почина денеска во Клиничкиот центар во Скопје.

Неофицијално, Додовски се лекувал на една од државните клиники од коронавирус, каде починал поради компликации од вирусот.

Како што објавија дел од медиумите, Додовски починал како последица од компликации со коронавирус.

Веста за смртта ја објави неговата поранешна сопруга, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска.

Додовски беше министер и заменик-министер за животна средина и просторно планирање во првата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кога премиер беше Љубчо Георгиевски. Тој беше пратеник на ВМРО-НП во периодот 2006-2008 година, а едно време беше и на чело на оваа партија. Пред да биде избран за пратеник, беше член на Советот на град Скопје.

Total
0
Shares
Поврзани објави